Линкови за пристапност

Груевски: Владината програма успешно се реализира


Владината коалција ке продолжи со реализација на програмата врз чија база беше изградена платфромата на Владата по парлементрните избори. Оваа го соопшти премиерот Никола Груевски по вчерашната средба со коалиционите партнери:

-Констатиравме дека програмата со којашто излеговме на изборите во значаен дел се остварува, за нешто дури и побрзо отколку што беа очекувањата и отколку што беа плановите, така што ќе продолжиме да се концентрираме на таа програма, таа дава добри резултати .

Лидерите на Коалционте партнери на ВМРО ДПМНЕ, ДПА и НСДП и помалите партии не дадо кометари за вчерашната средба на која беше разгледувана порграмата „За подобра Македонија“

-Горе-долу политиките што ги водиме се прифатливи за сите од нив. Значи во политичкиот дел и во економскиот дел секој даде по некоја сугестија за понатаму, одредени сегменти да се потенцираат, некои се повеќе за економскиот дел, некои повеќе за политичкиот дел, други партии за други делови, рече Никола Груевски.

Премиерот Груевски на новинарите им соопшти дека на средбата не станало збор за реконструкција на владиниот кабинет ниту пак за организирање на предвремени избори.

XS
SM
MD
LG