Линкови за пристапност

Партнерство на берзите од Скопје, Белград, Загреб и Љубљана


Партнерство за поинтензивна размена на информации и привлекување на меѓународните инвеститори. На ова денеска се обврзаа берзите од Скопје, Белград, Загреб и Љубљана, потпишувајќи меморандум за соработка што ќе важи до крајот на 2009 година. Ова според директорот на Македонската берза Иван Штериев треба да биде увод во потесна соработка на планот на промоцијата на регионалниот пазар и на националните пазари на хартии од вредност.

- Сметаме дека постојат неколку функции што можеме заеднички подобро, поефикасно и во крајна линија, поекономично да ги правиме, а кои ќе доведат до тоа, сте локални пазари да продолжат дополнително успешно да се развиваат и веројатно по некое време може да биде предуслов и за некоја нова фаза на интеграција.

Регионалното поврзување на неколкуте берзи не претставува проблем, бидејќи како што велат нивните челници тие споделуваат слични трендови на раст и падови оваа година, имаат речиси истата структура и обем на работа.

Целта е да се обезбеди тнр. инвест френдли пристап и динамичен развој, брз проток на информации, нови производи и услуги и успешна промоција на најдобрите фирми во регионот пред странските инвеститори.

Во 2008 ќе се формира индекс што ќе ги следи движењата на цените на берзите во целиот регион.

Упатени се покани и до по две берзи од Босна и Црна Гора да се приклучат на регионалното партнерство, со што соработката ќе се прошири на сите берзи од поранешна СФРЈ.

XS
SM
MD
LG