Линкови за пристапност

Буш го потпиша законот за нови енергетски стандарди


Новата енергетска политика бара автомобилите и лесните камиони продадени во САД во просек да минуваат по 15 километри со литар бензин до 2020-та. Тоа е близу пет километри повеќе по литар споредено со денешната потрошувачка.

Исто така поставени се зголемени барања за потрошувачката на енергија на фрижидерите, машините за миење садови, и други апарати за домаќинството, како и 70 процентно зголемување на економичноста на светилките.

Претседателот Буш рече дека целта е да се надмине еден од најголемите долгорочни предизвици со кои се соочува нацијата – зависноста од странска нафта:

-Зависноста економски не погодува преку високи и нестабилни цени на бензиските пумпи. Зависноста создава загадување и придонесува во емисијата на издувни гасови во атмосферата. Се заканува на нашата национална безбедност со што не прави ранливи пред непријателските режими во нестабилните региони во светот. Не прават ранливи за терористите кои може да ја нападнат нафтената инфраструктура.

Законот не овозможува исполнување на целта на претседателот за намалувањето на употребата на бензин за 20 проценти во тек на 10 години. Но, нуди можност, како што бара Буш, за финасирање на етанолот.

Законот овозможува годишно производство на повеќе од 136 милијарди литри обновливи горива до 2022. Од тоа, повеќе од половината на етанолот мора да дојде од избори како пченка, дрвни остатоци и трска.

Законот мина во Конгресот дури откако Демократите се согласија да се откажат од барањето за милиони долари нови даноци за нафтените компании, што требаше да се употребат за стимулирање на производство на соларна, геотермална и енергија од ветер.

XS
SM
MD
LG