Линкови за пристапност

Путин – лице на годината


Американскиот магазин Тајм го именуваше рускиот претседател Владимир Путин за „Личност на годината во 2007-ма„

Магазинот истакна дека на Путин му е доделена почеста за неговата исклучителна вештина на лидерство во стабилизирање на земјата која беше во хаос.

Најсериозни кандидати за престижната титула од магазинот Тајм беа нобеловецот Ал Гор, писателката Ј.К Ролинг и кинескиот претседател Ху Џинтао.

Меѓу претходно наградените е и претседателот Џорџ Буш. Тајм почна да именува личност на годината од 1927-ма.

XS
SM
MD
LG