Линкови за пристапност

Магна карта продадена за 21 милиони долари


Копијата стара 710 години ја купи Дејвид Рубенстајн, раководител на Карлајл Груп, приватна кредитна фирма, за нешто повеќе од 21 милион долари. Аукцијата ја организираше куќата Сотеби во Њујорк. Документот има восочен печат од британскиот крал Едвард Први, и е една од само 17 копии за кои се знае дека постојат.

Копијата беше продадена од фондација создадена од американскиот милијардер и политичка фигура Рос Перо, во чија сопственост беше од 1984. Оваа Магна Карта беше изложена во Националниот Архив во Вашингтон Д.Ц.

XS
SM
MD
LG