Советот за безбедност на ОН вчера гласаше да го продолжи мандатот на мултинационалните сили предводени од САД, во Ирак, за една година, како што бараше ирачката влада.
Ирак кажа дека ова е последен пат да бара вакво продолжување.
Исто така вчера, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го посети Ирак да изврши притисок на ирачките лидери да го искористат подобрувањето на безбедноста и да ги засилат напорите за национално помирување.
Ирачкиот министер за надворешни работи, Хошјар Зебари кажа дека ја уверил Рајс дека политичарите работат на подобрување на соработката.
Во меѓувреме специјалниот претставник на ОН посредува меѓу фракциите да го поместат нанапред процесот на референдум за иднината на Киркук, град во кој мнозинството жители сака да го приклучи кон автономниот регион на Северен Ирак каде контролата ја имаат Курдите. Ова не е добра опција за не-курдското население, кое стравува дека ќе биде протерано од градот.