Линкови за пристапност

Германскиот амбасадор во НАТО во посета  на Скопје


Прашањето со името не е критеруим што НАТО ќе го зема предвид при евентуалната покана за членство на Македонија. Со оваа порака во Скопје денеска пристигна германскиот амбасадор во Алијансата Улрих Бранденбург, на разговори со македонскиот државен врв.

Спроведувањето на реформите и прашањето за Косово, тоа според германскиот дипломат ќе бидат двата клучни моменти кои Алијансата ќе ги има предвид пред упатувањето на поканите за челнство.

Спорот со Грција за уставното име за него е билатерлен проблем, кој се комплицира кога станува збор за членство во Алијансата.

-Прашањето со името има билатерален аспект, но бидејќи се работи за покани за членство во НАТО на претстојниот самит во Букурешт тоа се разбира не е само билатерално прашање, бидејќи одуката мора да ја донесат сите 26 земји членки на НАТО.

Германскиот амбасадор не очекува приемот на Македонија во НАТО да биде блокиран. За тоа говори и денешната средба со министерот за одбрана Лазар Еленовски. Разговарале за подготовките на Македонија за идното членство во делот на законодавството

-Разговаравме и за другите аспекти, се разбира околу утврдување на оние промени што треба да се направат во нашето законодавство, легислативата, како земја членка на НАТО. Посебно имајќи го предвид членот 5 на Договорот што е клучен за безбедноста на секоја членка.

Следната година Македонија и Германија договараат заедничка мисија во Авгаснистан, за обука на авганистанските безбедносни сили.

Амбасадорот Бранденбург е трет по ред амбасадор на една голема сила во Алијансата што за кус период ја посетува Македонија, по неодамнешните на британскиот и на американската амбасадорка.

XS
SM
MD
LG