Линкови за пристапност

Милошоски: Да се има право на вето е исто како да се има право на атомско оружје


Македонската дипломатија не ја потценува заканата на Грција дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО без решение за проблемот со името, но сепак верува дека Грција ке ја преиспита својата позиција во интерес на стабилноста на целиот регион а во контекст на решавањето на косовското прашање.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски вчера по средбата со македонските амбасадори ја предупреди официјална Атина да размисли што прави со своето право на вето како земја членка на НАТО.

-Да се има право на вето е исто како да се има право на атомско оружје. Дали тоа атомско оружје ќе биде искористено или не, зависи од сериозноста на секоја држава која го поседува тоа право да го има.Сметам дека Грција е една сериозна држава која два пати ќе размисли пред самитот дали би употребила една таква можност, бидејќи штетните последици и за регионот, но и за самиот оној кој би употребил такво право би биле видливи,изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски.

Со амбасдорите вчера се сретна и шефот на државата Бранко Црвенковски.. Црвенковски констатирал,дека Македонија не се наоѓа во позиција да избира меѓу име или НАТО.

„Мора да ги исполниме критериумите во најкратко можно време. Македонија ќе продолжи конструктивно да учествува во преговорите за името под медијаторство на Нимиц“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет по средбата со амбасдорите.

Македонскиот државен врв во име на конструктвноста во однос на Грција веќе предложи како да се интензивираат преговорите со Грција. Се предлагаат средби на министерско и премиерско ниво, но и формирање на комитет кој ќе ги разгледува оспоруваните историски прашања.

XS
SM
MD
LG