Линкови за пристапност

Рајс во ненајавена посета на Ирак


Рајс ја започна ненајавената посета на Ирак порано денеска во северниот град Киркук. Таа ги поттикна политичарите да помогнат во намалување на тензиите меѓу трите главни етнички групи богати со нафта – Сунитски Арапи, Курди и Туркменци.


Нејзиното патување се совпаѓа со намалувањето на насилството во Ирак и повиците од американски претставници ирачките претставници да капитализираат на тоа работејќи кон политичко помирување.


Курдската регионална влада разгледува предлог за одлагање на референдумот за иднината на Киркук. Законодавците вчера кажаа дека ќе биде тешко да се одржи гласањето до 31 декември, како што бара ирачкиот устав.


Курдите сакаат градот да биде приклучен во нивниот автономен регион, но не-Курдските жители се плашат дека ќе бидат протерани од Киркук ако градот влезе под курдска контрола.

XS
SM
MD
LG