Линкови за пристапност

Турски трупи во Северен Ирак


Ирачки и курдски претставници велат дека 300 турски трупи денес влегле во Северен Ирак. Тие велат дека трупите навлегле три километри на ирачка територија. Нема извештаи за судири.


Турција се закануваше дека ќе ги нападне бунтовниците кои се со Курдистанската работничка партија во северен Ирак. Околу 100 илјади турски трупи се концентрирани на границата со Ирак.


Турската влада ги обвинува бунтовниците за употреба на бази во северен Ирак за изведување напади во југоисточна Турција.

Денешен Вашингтон Пост цитира неименувани претставници на Пентагон како велат дека САД обезбедува времени разузнувачки податоци за Турција што на турската армија и помогнало да изведе серија напади на бунтовниците овој месец.


Официјалните лица велат дека американски армиски персонал воспоставил центар за споделување на разузнавачки информации во Анкара.

XS
SM
MD
LG