Линкови за пристапност

Ал Завахири вели САД се немоќни против милитантите во Ирак


Вториот човек во командата на ал-Каида, Ајман ал Завахири, на новообјавена видео-снимка вели дека напорите на САД да ги совладаат милитантите во Ирак се неуспешни, и предавањето на командата од страна на Британците го нарекува – бегање.

За него САД имаат понудено 25 милиони долари награда. Во долго интервју титлувано на англиски јазик што се појави на исламска веб страница во неделата, тој вели дека се засилува моќта на муџахединските борци во Ирак.


Одлуката на Британија да ја предаде одговорноста за обезбедување на провинцијата Басра ја толкува како знак дека британските сили бегаат. Инаку, овој трансфер се случи вчера со церемонија на потпишување договор меѓу двете страни. Басра е последната од четири ирачки провинции што Бриранците ги вратија под ирачка контрола, и деветта од 18-те провинции што коалиционите сили ги вратија на ирачките власти.

XS
SM
MD
LG