Линкови за пристапност

Њу Џерси ја укина смртната казна


Гувернерот на Њу Џерси, Џон Корзин, денес го потпиша законот со кој смртната казна се заменува со доживотен затвор без можност за помилување.

Корзин го нарече настанот „ ден на прогрес“ за оние кои ја отфрлаат смртната казна како морално неподобна и кои ја споредуваат со тежок криминал на убивање.

Критичарите на смртната казна велат дека тоа ја повредува уставната забрана за „сурово и невообичаено“ казнување. Тие исто така велат дека во последните неколку години анализата на ДНК ослободила неколкумина осудени на смрт со што се зајакнало прашањето дали правниот систем може да донесе правична пресуда како трајна казна.

Поддржувачите на смрнтата казна велат, пак, дека таа го намалува криминалот.

Во триесет и шест од 50 американски сојузни држави смртната казна е дозволена, но употребата на најстрогата казна е намална во последниве години. На национално ниво во 2006, 53 лица биле осудени на смртна казна што е најниско ниво во оваа деценија.

XS
SM
MD
LG