Силиг зборуваше вчера по објавувањето на извештајот од поранешниот сенатор Џорџ Мичел, во кој стои дека во секој од 30-те клубови на Големата лига имало играч или играчи кои употребувале стероиди за човечки растеж.
Меѓу играчите од висок профил извештајот ги именува Роџер Клеменс и Енди Петит од њујоршките Јенки, Мигел Техада од Хјустон и кралот на играта на Џајантс од Сан Франциско Бери Бондс.
Преку својот адвокат, Клеменс веќе ги негираше наводите, додавајќи дека нема веродостојни докази. Адвокатот на Петит кажа дека неговиот клиент нема коментар. Другите не се огласија.
Извештајот употребувал сведочења и документи за овој богат со детали извештај за како што вели „ерата на стероиди во безболот“.