ЕУ сака да започне преговори со Македонија што поскоро, но сега Македонија е на потег, вели Антонио Тангер Кореа, координаторот на ЕУ за Западен Балкан, и вели дека на Македонија и` е потребна само политичка волја.
Португалското претседателство на ЕУ гледа на извештајот на ЕК за Македонија како сигнал дека земјата е на добар пат, но дека треба да ја заврши задачата:
- Наше мислење е дека е направен прогрес. Ситуацијата е стабилна, но сепак мислиме дека не се направени довболно напори Македонија да може го направи потребниот исчекор и да започне преговори за членство.
Кореа наведува и што конкретно Македонија треба да направи за да започнат преговорите:
- Очекуваме рефрми, во судскиот систем,зајакнување на борбатата против организираниот криминал, значи кокретни работи кои се видливи. Она што го очекуваме не е тешко да биде направено. Сметаме дека е доволна полтичка волја. Со неа мислам дека би можело многу брзо да се постигне целта.
Ситуацијата во регионот е сложена со оглед на косовската ситуација. Дали е можно во такви услови ЕУ да и` овозможи на Македонија да започен преговори? Кореа вели:
- Се разбира дека е можно да се почнат преговорите. Не само што е можно, туку и ЕУ посакува да започне преговори со Македонија што е можно поскоро. Сега топката е во дворот на Македонија. Сега е на владата,опозциијата, парлементот, институциите - да ги направат потребните напори што ќе овозможат да се отпочнат преговорите.