Линкови за пристапност

Џонсон Мети амбициозно влегува во Македонија


Почетната инвестиција на британската компанија Џонсон Мети во Македонија ќе биде 55 милиони евра што ќе овозможи околу 200 нови вработувања, а во наредните години се планира и значително зголемување на инвестицијата, потврдија и премиерот Никола Груевски и претставникот од Џонсон Мети, Џефри Колин, по вчерашната средба во Владата на која биле разгледани детали за инвестицијата. Изградбата на објектот на фабриката на Џонсон Мети треба да започне во февруари 2008-та, за во април или мај 2009-тата да стартува производството.

Според господинот Колин, бизнис-планот на Џонсон Мети за следните 7 до 10 години содржи и зголемување на инвестицијата во Македонија. Иако првата фаза на инвестицијата ќе биде во автомобилската индустрија, според Колин, Македонија е во фокусот на инвестирањето на Џонсон Мети и во хемиската и фармацевтската индустрија во следните години.

Според премиерот Груевски пак, македонската Владата е подготвена “да помогнеме во сите фази на нивните подготовки. Засега имаме доста добра соработка, и е надевам дека овој нивни пан ѓе биде рализиран со точност како штодосега беа реалзирани сите нидни посети на македонија, во смила на нивната подготовка за носењена оваа одлука”

Според гостинот Колин,.Џонсон Мети решиле да инвестираат во Македонија, заради даночните олеснувања, економијата со ниски трошоци и стратешката положба на земјата, а причината зошто не се обврзуваат на конкретна бројка за ниваната инвестиција, е во тоа што всушност не ја знааат, зашто таа зависела од побарувачката од нивните коминтенти.

XS
SM
MD
LG