Умберто Роса, главниот претставник на Унијата на конференцијата денес кажа дека одржувањето на состанок на главните економски сили во САД ќе биде бесмислено доколку пропаднат разговорите во Бали.
ЕУ и мнозинството држави на конференцијата во Индонезија сакаат да зацртаат цел – намалување на испуштатњето на гасови штетни по озонската обвивка од 20 до 45 проценти. САД, Канада и Јапонија се против таквата цел.
Глвниот претставник на ОН климатски промени Ив де Бер рече дека ќорсокакот во кој западнаа САД и ЕУ се заканува да ја исфрли од колосек средбата што според планот треба да заврши утре.
Пола Добријански, водачот на американската делегација изрази надеж дека се` уште има време да се премостат разликите и да се постигне согласност за „документ од Бали што ќе ги зацрта развојните насоки“