Поранешниот сопруг и музички партнер на пејачката Тина Тарнер почина на 76 годишна возраст.
Причината за смртта не беше објавена. Тарнер починал во својот дом во Сан Диего, Калифорнија. Тој и Тина се автори на неколку класични ритам и блуз и рокенрол песни, како "Nutbush City Limits" и "Proud Mary". Кариерата на Ајк започна да оди по надолна линија откако Тина се разведе од него во 1976-та, најповеќе поради неговата зависност од дрога. Тој на неколкупати беше уапсен поради дрогата, а отслужи долга затворска казна кон крајот на 80-те. Во автобиографијата на Тина, а и во подоцнежниот филм на нејзина основа, Ајк беше опишан како насилнички настроен зависник од дрогата кој ја малтретирал својата сопруга.
Ајк Тарнер повторно ја заживеа музичката кариера во последните неколку години, а доби и награда Греми за најдобар традиционален блуз албум.