Линкови за пристапност

Продолжува сослушувањето на директорот на ЦИА во Конгресот


Мајкл Хајден денес зад затворени врати ќе сведочи пред Комисијата на Претставничкиот дом за разузнавање. Тој вчера одговараше на прашања пред истоимената комисија на Сенатот, по што изјави дека други луѓе во ЦИА знаат многу повеќе од него за прашањето, како неговите претходници Џорџ Тенет и Портер Гос. Тенет беше на чело на ЦИА во 2002-ра, кога снимките биле направени, а Гос во 2005-та, кога биле уништени. Хајден минатата недела ги известил вработените во ЦИА дека снимките се уништени за да се заштити идентитетот на испрашувачите.

Одделот за правда и ЦИА водат заедничка истрага за случајот, но конгресните демократи бараат главниот обвинител Мајкл Мјукејси да назначи специјален истражител. Вчера во ТВ-интервју претседателот Буш рече дека не знаел дека снимките се уништени се` додека Хајден не го брифирал минатата недела.

Во серија интервјуа, поранешен службеник на ЦИА Џон Киријаку кажа дека испрашувачите користеле техника што симулира давење врз осомничениот виш припадник на Ал-Каида Абу Зубајда, кој по само 35 секунди дал клучни разузнавачки информации што попречиле голем број напади. Но, Киријаку верува дека техниката е тортура.

XS
SM
MD
LG