Според соопштение на либанската армија, бригадниот генерал Франсоа Ал-Хаџ, кој бил раководител на армиските операции, загинал во експлозијата во местото Бабда, при што биле повредени преку 10 лица. Властите велат дека експлозијата ја причинил автомобил-бомба. Засега никој не презеде одговорност за убиството. Во последниве две години беше извршена серија атентати врз анти-сириски фигури во Либан – загинаа вкупно осум од нив. Сирија негира секаква вмешаност во нападите
Генералот Хаџ играше главна улога во армиската офанзива нешто порано годинава против милитанти од палестински бегалски камп, инспирирани од Ал-Каида. Тој се споменуваше како можен наследник на армискиот генерал Мишел Сулејман, кој е изгледен кандидат за претседател. Сулејман се смета за неутрален кандидат кој би можел да го реши судирот меѓу владата што има поддршка од Запад и про-сириската опозиција.