Линкови за пристапност

Израелците и палестинците започнаа разговори за мир


Тие се сретнаа во Ерусалим, во време кога изби ново насилство во Појасот Газа. Израелските и палестински лидери се заложија да преговараат со цел до крајот на наредната година да постигнат спогодба за постоење на палестинска држава напоредно со Израел. Ветувањето го дадоа на минатомесечната конференција под американско спонзорство во градот Анаполис, сојузната држава Мериленд.

Во Појасот Газа шест милитанти загинале во, како што наведуваат локални извори, најголемата израелска офанзива во палестинската територија во последните неколку месеци. Според палестински сведоци, 30-тина израелски тенкови и оклопни возила вчера навлегле во јужниот дел на Газа, по што избиле судири со вооружени милитанти. Израелски авиони отвориле оган врз позиции на милитанти во северниот дел на Газа. Израелската армија вели дека испратила само 10 возила во Газа, подвлекувајќи дека двајца израелски војници биле повредени од палестинска граната што го погодила нивното возило.

XS
SM
MD
LG