Линкови за пристапност

Продолжува процесот против Бучковски


На вчерашното продолжение на судењето за злоупотреба на положбата во 2001-та, при набавката на резервни делови за армиските тенкови Т-55, кое на крајот од октомври почна против некогашниот министер за одбрана и актуелен пратеник од СДСМ Владо Бучковски, сведочеше и неговиот наследник на министерската функција и колега од скопскиот Правен факултет, Владо Поповски, според кого министерот за одбрана не е експерт за оружје, се потпира на анализите на армискиот Генералштаб.

По вчерашното рочиште, Бучковски задоволен од сведочењето на сведокот на обвинението, зашто според него, по исказот на Поповски:

-Стануваат јасни работи кој него го довел во заблуда и каде е манипулацијата. Зошто манипулирале од Генералштабот ќе покаже понматамошниот претрес”.

Според медиумските извештаи, се испоставува дека имало два договора за набавка на резервни делови, зашто, Поповски пред судот тврдел дека по сугестија на тогашниот началник на ГШ, Методи Стамболиски и на генералот Саво Јанев, го раскинал договорот на неговиот претходник Бучковски, склучен со фирмата МЗТ-ФОП. А според Бучковски, по сведочењето на Поповски, станало јасно дека постоела:

-паралелна набавка по моето заминување во висина од 900.000 долари, за кои се докажа дека тој не знаел. Некој, кој условно речено му тврдел дека нема пари да се реализира претходниот договор на Владо Поповски, се обидел да манипулира со него и да тера паралелна набавка.

Претходно, генералот Стамболиски, вината за набавката на резервните делови за тенковите ја префрлаше на тогашниот министер Бучковски, со образложение дека не се сеќава на договорот што тој го потпишал.

До судење на експремиерот Бучковски дојде откако по промена на власта парламентарното мнозинство без гласовите на опозицијата, ја потврди контроверзната одлука на собраниската мандатна комисија и му го одзема имунитетот на актуелниот пратеник Бучковски, покрај кого за штетни зделки во текот на воената 2001-ва, кои МВР и финансиската полиција ги проценија на на 2,5 милииони евра, се обвинети и генералот Стамболиски, директорот на фирмата МЗТ-ФОП и двајцата вработени во Министерството за одбрана.

.

XS
SM
MD
LG