Линкови за пристапност

Промовиран проект за одржлива енегија


Со 5,5 милиони долари грант од Светската банка, Македонија започнува со проекти за искористување на енергијата од сонцето, водата, ветерот и биогасот. Вклучувањето во светските трендови на користење обвновливи извори на енергија, ќе започне со замена на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во училиштата, здравствените установи и јавните претпријатија. Во исто време Македонија ќе ја намалува и зависноста од енергијата од увоз, вели министерката за економија Вера Рафајловска, како домаќин на промоцијата на проектот за одржлива енергија.

-Со поголемо искориствање на обновливата енергија, за што постојат поволни услови во РМ, може да се постигнат ефекти за намалување на зависноста од увоз на енергија како и позитивни ефекти за економскиот развој на нашата држава.

Потенцијални проекти за зголемување на енергетската ефикасност се уличното осветлување, осветлувањето во јавните установи, подобрување на топлинската изолација на објектите. Тие ќе се изработуваат во соработка со новото тело МТ- еско во кое партнери се МЕПСО и Топлификација. Претставникот на Светската банка Питер Јохансон вели дека тоа нема да иде монопол, туку ќе биде отворено за сите компании. Сакавме некој да ја отвори инвестицијата, а не да ја монополизира, вели тој:

- Сакаме да ги вклучиме сите добри сили во секторот за да се движиме кон една поодржлива иднина за енергетскиот сектор во Македонија, да го намали количеството на енергија од која зависи, од увоз, со производство на нови обновливи извори на енергија и со подобро користење на енергијата.

Некои македонски општини веќе ја користат сончевата енергија.

XS
SM
MD
LG