Сенаторот Џон Кери беше противкандидат на Џорџ В. Буш во 2004. Само неколку месеци пред ноемвриските избори, на телевизијата се појавија мноштво напаѓачки спотови, критични за неговото служење во виетнамската војна.
Овие спотови не дојдоа од кампањата за реизбор на претседателот Буш. Беа креирани од независна политичка интересна група наречена „Ветерани за вистината“. Набљудувачите велат дека тие спотови играле улога во поразот на Кери.
Оваа и многу други слични политички интересни групи често се наречени 527-ци бидејќи потпаѓаат под тој дел на американскиот даночен кодекс.
Тие работат за двете партии. Во 2004, група наречена MoveOn започна напад со ТВ-спотови против претседателот Буш и неговата политика.
Овие групи на кандидатите им даваат можност да играат валкана игра без директно да бидат вмешани, вели Питер Фин, политички советник за Демократите.
Но други не се согласуваат – како Брајан Дарлинг од конзервативната истражувачка фондација Херитиџ, кој тврди дека не само што не работат под директива на кандидатите, туку се стравува дека можат да му ја одземат пораката на кандидатот.
Некои политички набљудувачи велат дека овие групи се толку ефикасни во напаѓање на двете страни што е реално да се очекува истото, ако не и повеќе, и за време на трката за Белата Куќа во 2008.