Линкови за пристапност

Покана за нова лидерска средба


Премиерот Никола Груевски повика на нова средба меѓу власта и опозицијата. Целта, според најавата, е да продолжи процесот на усогласување на приоритетните закони за евро-атлантската интеграција.

- На оваа средба очекувам предмет на дискусија да бидат и развојните предлог-закони и проекти на Владата, собранискиот деловник и сите други прашања за кои е потребно да се изгради политички консензус, соопшти премиерот Никола Груевски.

Премиерот со ваква цел ги кани лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА во четврток. Лидерите на овие партии на крајот од ноември постигнаа договор за Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, Законот за јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители, кои парламентот едногласно ги усвои. Овој политички консезус беше поздравен од меѓународните фактори како значаен чекор напред кон исполнувањето на евро-атлантските амбиции на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG