Линкови за пристапност

Алжирската влада ја обвинува Ал-Каида за нападите


Нуредин Јазид Зерхуни на прес конференција рече дека е сигурен оти Ал Каеда стои зад нападите, иако никој сеуште не ја презел одговорноста.

Зерхуни вели дека 22 лица загинале во експлозиите. Претставници од болниците пак велат дека бројот на загинатите е над 60 лица.

Во ОН велат дека нивни вработени загинале во експлозиите, кои ги уништиле канцелариите на Програмата на ОН за развој и ги оштетиле канцелариите на Високоиот комесаријат за бегалци.

Претставници на УНХЦР во Женева велат дека најмалку 12 нивни вработрени се водат за исчезнати.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го осуди нападот употребувајќи силни термини.

Властите соопштија дека во другиот напад настрадал училишен автобус што минувал крај зградата на Уставниот суд, при што загинале и биле ранети голем број ученици.

Францускиот претседател Николас Саркози и други европски лидери го осудија нападот. Белата куќа го нарече случај на „неразумно наслилство“ и вели дека бил извршен од страна на „непријатели на човештвото кои напаѓаат невини“.

Алжирски милитанти поврзани со Ал Каида извршија неколку напади годинава, вклучувајќи и самоубиствен бомбашки напад во април, кога беа убиени 33 лица.

Алжирските исламисти се кренаа против владата во 1992, кога беа поништени изборите во кои се чинеше дека победува Исламистичка партија.

XS
SM
MD
LG