Линкови за пристапност

Започна со работа новиот Управен суд


Седум илјади предмети за 18 судии. Ваква е стартната позиција на новиот Управен суд, кој од денеска официјално ја презема надлежноста од Врховниот суд за решавање на управните спорови.

Трите одделнија и шесте совети со 18 судии, кои се обучувале во новата Академија на судии ќе работат паралелно на новите и на старите предмети, вели претседателката Розалија Кочковска.

- Напоредно ќе се работи и со новите и со старите предмети за да може да се совлада заостатокот што постои. Имаме некаде околу 7.000 предмети мислам дека со заеднички сили сето тоа ќе го совладаме.

Судскиот совет, пак, со свои очекувања.

-Да се зголеми ефикасноста и економичноста на постапката, а судот да покаже и да докаже дека е способен да ги решава предметите со висок професионализам, вели Беќир Исени.

На денешниот официјален почеток на Управниот суд присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој пак оценува дека новиот суд е чекор напред кон евроатланстските интеграции.

-Управниот суд во РМ е суд на кој долго време се чекаше и тоа е позитивен чекор, прво за државата, второ за оние кои чекаат да им се решат предметите и за сите понатаму кои ќе имаат предмети, сега ќе имаат судии специјализирани во одлучувањето на таков вид на предмети и една голема активност во правец на решавање на препораките што ни беа дадени за членство во НАТО и понатаму за ЕУ.

Судот треба да обезбеди заштита на правата на граѓаните и правните лица и законитост на актите на органите на државната управа, Владата и општините.

XS
SM
MD
LG