Линкови за пристапност

Ал Гор ја прими Нобеловата награда за мир


Активистот против глобалното затоплување и поранешен американски потпретседател Ал Гор вели дека е време човештвото да прекине „да води војна“ против планетата Земја.

Гор ова го кажа денес во Осло, при примањето на Нобеловата награда за мир. Тој ги повика двете најголеми земји-емитувачи на штетни гасови - САД и Кина – да направат „смели чекори“ во борбата против глобалното затоплување.

САД го немаат ратификувано Протоколот од Кјото, меѓународниот договор од 1997-ма година што налага намалување на испуштањето гасови штетни по озонската обвивка. Кина, пак, според договорот не беше обврзана да го намали испуштањето.

Гор најави дека ќе појде на Средбата за климатски промени во Бали нешто подоцна неделава за да ги повика светските лидери да се среќаваат на секои три месеци за да издејствуваат глобално ограничување на испуштањето на штетни гасови до 2010-та година.

Гор ја подели Нобеловата награда со Меѓувладиното тело за климатски промени, што на денешната церемонија во норвешкиот главен град го претставуваше Раџендра Пачаури.

XS
SM
MD
LG