Линкови за пристапност

ЦИА уништила видео ленти од испрашувања на осомничени терористи


Директорот на ЦИА, Мајкл Хајден ова го кажа откако разбрал дека медиумите знаат за лентите, уништени во 2005. Тој рече дека на лидерите на комисиите на Претставничкиот дом и Сенатот кои вршат надзор им било кажано за постоење на лентите и за намерата да бидат уништени.

Хајден рече дека снимањето започнало во 2002 откако претседателот Буш одобрил таканаречени засилени методи на испрашување за осомничените за тероризам од страна на ЦИА. Новинските извештаи зборуваат за методи кои вклучуваат симулирање на давење. Критичарите оваа техника ја оценија како тортура.

XS
SM
MD
LG