Главниот американски пратеник за нуклеарното прашање на Северна Кореја вели дека земјата ја разградува својата нуклеарна програма според планот.
Кристофер Хил ова го кажа денеска во Токио. Тој отпатува во Пјонгјанг порано неделава и предаде лично писмо од Претседателот Буш за севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил.
Во писмото господинот Буш ја поттикна Северна Кореја да го одржи даденото ветување да ги објави сите свои нуклеарни активности до крајот на годината во замена за економска помош и други поттици.
Хил на новинарите во Токио им кажа дека сеуште е во тек обезбедувањето на целовитост и точност на севернокорејската декларација. Тој кажа дека верува оти Пјонгјанг ќе може тоа да го заврши до крајот на оваа година.