Линкови за пристапност

Администрацијата им помага на сопствениците на домови


Белата Куќа соопшти план да им помогне на сопствениците на куќи со замрзнување на каматните стапки на долгорочните кредити на оние кои ќе докажат дека зголемувањето ќе направи невозможно да ги исплаќаат. Се работи за специјален вид кредити, земени под исклучително поволни услови кои траат само одреден период. Ова е обид на претседателот Буш да спречи одредена категорија Американци со слаба платежна способност да ги изгубат домовите, што се почесто се случува заради законите на слободниот пазар.

Претседателот Буш кажа дека решението не е идеално, но дека сопствениците заслужуваат помош од владата. Ова е одговор на сериозен предизвик, рече претседателот при претставувањето на планот.

Заемите кои започнуваат со ниски каматни стапки, беа многу рекламирани од банките во време кога градењето станови беше интензивно. Тие станаа примамливи за луѓе со малку заштеда кои наеднаш може да си дозволат купување куќа. Со одлуката за нивно спасување, администрацијата ги замрзнува кредитните стапки на нивните станбени кредити за наредните пет години. Секретарот за финансии на САД, Хенри Полсон вели:

-Агресивно и брзо работиме за финансиски да им помогнеме на одговорните сопственици кои се соочуваат со губење на домот.

Се проценува дека еден запирка два милиони сопственици ќе имаат шанса да ја искористат оваа можност. Поголемите банки се согласија со планот.

Но замрзнувањето исто така ќе купи време за индустријата за домување со редуцирање на рекордното цифра на непродадени станови и куќи, со што ќе дозволи повторно да започне растењето на цените. Претседателот Буш рече дека ова е добар почеток и го поттикна Конгресот да се придружи со легислативата, за, како што кажа, да се задржи економијата на здрави нозе и да се одржи Американскиот сон.

XS
SM
MD
LG