Линкови за пристапност

ДУИ побара формирање анкетна комисија за Бродец


Случајот Бродец се реактуелизираше во Собрането по бриселската расправа меѓу српскиот вицепремиер Ѓелик и косовскиот премиер Чеку околу вмешаноста на српските служби во операцијата „Планинска бура“.

ДУИ во Собранието вчера побара да се формира анкетна космија која ќе го испита случајот и можните

прекршувања на човековите права од страна на полцијата. Тоа го бараат жителете на Бродец, велат во ДУИ, образложувајќи зошто бараат формирање на анкетна комисија.

Барањето на ДУИ доби подршка и од опозиционата СДСМ. Тие бараат да се расчистат сите шпекулации околу можната вмешаност на српските тајни служби во оваа операција:

- Ве молам да ја вратите точката за Бродец затоа што има најмалку две добри причини. Прво, контроверзните изјави на првите луѓе на две многу битно засегнати страни - српската и косовската, и второ, контроверзните информации со кои се занимава и Амнести интернешенал и Хелсиншкиот комитет, рече пратеникот Бучковски од СДСМ.

Владата, пак, вели дека нема потреба од формирање на анкетна комисија во Собранието бидејќи подршката што операцијата „Планинска бура“ ја доби од меѓународните фактори кажува доволно

за тоа дека акцијата била професионално изведена. Со вакво образложение, владиното мнозинство не ја прифаќа инцијативата на опозиционата ДУИ за формирање на собраниска анкетна комисија за случувањата во село Бродец за време на операцијата „Планинска бура.“

XS
SM
MD
LG