Линкови за пристапност

Врховниот суд ги ислуша забелешките за Гвантанамо


Американскиот врховен суд ги ислуша аргументите во врска со држењето во притвор на осомничени за терор од страна на владата на Буш во морнаричката база во Заливот Гвантанамо на Куба.

Американскиот владин правобранител Пол Клемент подвлече дека странските осомничени терористи фатени и држени надвор од САД немаат права според Уставот да одговараат пред граѓански суд. Адвокатот Сет Ваксман, кој говореше во име на притворениците, рече дека ниту еден од неговите клиенти не добил разумно образложение зошто се наоѓа во притвор, и покрај тоа што притворот трае веќе шест години.

Одлуката на Врходниот суд се очекува во текот на наредната година.

XS
SM
MD
LG