Линкови за пристапност

Буш го повика Пјонгјанг да ги открие сите детали за нуклеарната програма


Портпарол на Белата куќа соопшти дека претседателот Џорџ Буш му пишал на севернокорејскиот водач Ким Јонг Ил, повикувајќи го официјален Пјонгјанг да ги открие сите детали за нуклеарната програма на земјата.

Гордон Џондроу кажа дека Буш минатата сабота им пишал на сите лидери вклучени во шестстраните разговори, повторувајќи ја заложбата за натамошни преговори.

Претходно денеска, државната севернокорејска новинска агенција објави дека американскиот пратеник за нуклеарни прашања Кристофер Хил доставил писмо од Буш за Јонг Ил за време на овонеделната посета, инаку една од ретките на американски владини лица во таа земја. Хил работи на забрзување на напорите - Северна Кореја да достави листа на сите свои нуклеарни активности до крајот на оваа година.

XS
SM
MD
LG