Линкови за пристапност

Џорџ Буш го повика Техеран да го објасни обемот на нуклеарните активности


Според Буш, Иран треба да реши:

- Или да ги расчистат сметките пред меѓународната заедница за обемот на своите нуклеарни активности - да прекинат со програмата на збогатување на ураниум и да се вратат на преговарачка маса, или да продолжат по патот на излоација.

Најновиот обид на Буш да изврши притисок врз Техеран околу нуклеарните активности уследи по новобјавените наоди на американското разузнавање дека Иран всушност запрел со програмата за нуклеарно оружје во 2003-та. Според претходните наоди, пак, Иран работеше на развивање на нуклеарна бомба.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на јавен собир ги карактеризираше најновите наоди како „објава на победа за иранската нација против светските сили во нуклеарното прашање“. Ахмадинеџад ја повтори иранската позиција дека Техеран има право да развива нуклеарна енергија.

Буш, пак, ги повика сојузниците да го одржат притисокот врз Иран:

-Овие земји разбираат дека иранското нуклеарно прашање е, и ќе биде проблем со кој меѓународната заедница мора да се справи.

Меѓутоа, поголемиот дел аналитичари сметаат дека ќе биде тешко да се убеди Советот за безбедност да одобри дополнителни санкции против Иран, со оглед на најновите американски разузнавачки наоди.

XS
SM
MD
LG