Линкови за пристапност

Буш повикува на континуиран притисок врз Иран


Претседателот свика прес конференција во Белата Куќа специјално за новиот извештај на разузнавањето за Иран што беше објавен во понеделникот.


Според извештајот, американската разузнавачка заедница сега верува дека Иран ја запрел тајната нуклеарна програма за оружје во 2003, и дека не ја продолжил работата до средината на 2007.


Претседателот Буш на новинарите им кажа дека новата проценка на Националното разузнавање не го изместува неговото верување дека меѓународната заедница треба да биде претпазлива кога се работи за иранските нуклеарни намери:

-Иран беше опасен. Иран е опасен. Иран ќе биде опасен доколку има знаење потребно за изработка на нуклеарно оружје.


Иран никогаш не призна постоење на нуклеарна програма за оружје. Претседателот кажа дека разузнавачкиот извештај покажува дека Техеран тајно се обидувал да го заобиколи договорот за нуклеарна не-пролиферација и денеска се обидува да збогатува ураниум што е спротивно на меѓународните повици за суспендирање.


-Јас на извештајот гледам како на предупредувачки сигнал. Тие имале програма. Тие ја прекинале програмата. И причината зошто тоа е предупредувачки сигнал е што тие можат да ја рестартираат и тоа што рестартирањето ќе го направи ефикасно и опасно е способноста да збогатуваат ураниум, знаењето што може да биде пренесено на скриената програма.

Претседателот нагласи дека Иран ја запрел програмата за нуклеарен развој во 2003 во време кога Германија, Франција и Франција правеа напори за решавање на проблемот во врска со техеранските нуклеарни намери преку дипломатски патишта.


Господинот Буш кажа дека фактот што програмата била суспендирана покажува дека Иран реагира на меѓународен притисок. Тој рече дека сега притисокот е попотребен од секогаш.

XS
SM
MD
LG