Линкови за пристапност

Иран го поздрави извештајот на  американското разузнавање


Висок претставник на Агенцијата денес во Виена кажа дека извештајот дава валидност на соопштенијата на агенцијата за тоа дека инспекторите не нашле тајна нуклеарна програма и дека нема непосредна опасност, што остава време за преговори.

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки денес кажа дека Техеран го поздравува новиот американски извештај, велејќи дека го поправил нереалистичното становиште за иранските активности. Други ирански претставници кажаа дека извештајот го поддржува техеранското инсистирање дека нивната нуклеарна програма е за мирољубиви цели.

Во понеделникот советникот за Национална безбедност на САД Стивен Хадли кажа дека последната проценка на националното разузнавање сугерира дека Иран запрел со својата нуклеарна програма за развој на нуклеарно оружје во втората половина на 2003.

XS
SM
MD
LG