Линкови за пристапност

Мушараф ја соблече униформата


Первез Мушараф симболично стави крај на осумгодишното владеење на армијата со Пакистан, и во четврток ќе даде заклетва како цивилен претседател. Тој сепак останува на ставот дека вовел вонредна состојба за да ги бомбашите-самоубијци и терористите од Ал-Каида да ја дестабилизираат земјата. Воедно тврди дека е потребна стабилност за одржувањето на престојните избори. Но, истакнати меѓународни организации за човекови права наведуваат дека најголемиот дел од уапсените за време на вонредната состојба се од умерената политичка ориентација и дека изборите во вонредни околности не може да се сметаат за слободни и праведни.

Џенифер Леонард е од Меѓународната кризна група:

Ова е наметнување на воен закон од страна на некој кој повеќе се плаши од умерените политичари, адвокати и новинари, отколку од џихадистите. Според наша проценка, неговата цел е да ја задржи моќта преку добивање на судска дозвола за вонредната состојба, по што би уследила демократска фарса со режирани избори.

Објавувајќи го воведувањето на вонредната состојба пред нешто повеќе од три недели, генералот Мушараф ги отповика постојните и назначи нови судии кои го прогласија неговиот реизбор за претседател за легален.

Ти Кумар од Амнести Интернешнал повикува на обнова на пакистанското судство:

-Денес во Пакистан е доведена во прашање независноста на судството. Уапсени илјадници адвокати, тајно мачени и притварани. До пакистанската влада дури доставивме листа на адвокати кои се во тајни центри за притвор, а кои важат за истакнати луѓе во својата професија.

Том Малиновски од Хјуман Рајтс Воч коментира:

-Кога владата на Пакистан ги користи правните инструменти и реториката на контратероризам не против Талебан и Ал Каида, туку против адвокатите, судиите и активистите за човекови права, тоа причинува обичните Пакистанци да станат мошне скептични, многу повеќе од порано.

Малиновски додава дека ваквата ситуација може да ги поткопа напорите на САД и Пакистан против милитантите и терористите ширум пакистанската територија.

XS
SM
MD
LG