Линкови за пристапност

Блискоисточна конференција во САД:  мировен договор до 2008-ма?


Претседателот Буш објави дека Израелците и Плаестинците се согласиле да постигнат мировен договор во своето обраќање на отворањето на блискоисточната мировна конференција што се одржува во Анаполис, сојузната држава Мериленд. Буш го прочита документот во кој обете страни искажуваат определба да стават крај на декадата на крвопролевање и да започнат ера на мир.

Преговорите меѓу двете страни треба да започнат на 12 декември, по што ќе се одржува средба на секои две недели.

Американскиот претседател предочи дека патот до мирот ќе биде тежок. Буш кажа дека обете страни мора да работат заеднички за да создадат независна и демократска палестинска држава.

Палестинскиот претседател Махмуд Абаз ги повика Палестинците да го прифатат Источен Ерусалим за свој главен град. Тој кажа дека дошло време да се стави крај на крвопролевањето, насилството и окупацијата, како и дека мирот не е невозможен ако постои добра волја.

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт, кој говореше веднаш по Буш и Абаз, најави дека ќе бидат опфатени сите прашања со Палестинците. Тој верува дека може да биде постигнат договор за напоредно постоење на две држави и два народа на Блискиот Исток – израелскиот и палестинскиот – на Блискиот Исток, иако тој процес ќе биде тежок.

На средбата во Анаполис присуствуваат претставници на 50-тина земји и меѓународни организации.

Конференцијата е прва по повеќе од една деценија на која Израелците се сретнаа со повеќе арапски претставници и Арапската лига. Меѓу поканетите земји се и Саудиска Арабија и Сирија, кои не го признале Израел.

Олмерт го поздрави арапското присуство и кажа дека Израел сака мир со арапските земји. Тој повика на крај на бојкотот, отфрлањето и индиферентноста кон Израел во арапскиот свет.

XS
SM
MD
LG