Линкови за пристапност

Анкета во Венецуела: гласачите против уставните промени на Чавез


Истражувачката агенција Дата-аналисис во саботата објави дека 49 проценти од потенцијалните избирачи не се согласуваат со реформите на Чавез, додека 39 проценти ги поддржуваат промените.

Истражувањето на јавното мислење направено врз приближно 2000 лица било спроведено кон средината на ноември со можност за грешка од два проценти. Поранешниот министер за одбрана Раул Исајас Бадуел предвидува дека следниот месец Венецуелците ќе гласаат против предложените уставни промени што во голема мерка би ја зголемиле моќта на претседателот Чавез.

Генералот Бадуел во ексклузивно интервју за Гласот на Америка – програма на шпански јазик ги повика гласачите да ги отфрлат промените, истакнувајќи дека тие практично претставуваат воен удар од страна на Чавез. Венецуелците на референдумот на втори декември гласаат за вкупно 69 предложени амадмани.

Во предлозите се вклучени укинување на ограничувањето на бројот на претседателски мандати и воспоставување социјалистички реформи. Меѓу нив се и предлози што на властите би им дале огромна моќ во случај на воведување на вонредна состојба, како притвор без претходно обвинение и контрола на медиумите. Предлозите веќе ги осудија опозиционите партии во Венецуела, организациите за заштита на човековите права, како и Римокатоличката црква.

XS
SM
MD
LG