Линкови за пристапност

Неизвесно кој ќе формира влада во Хрватска


По пребројани 95 проценти од гласовите, Демокатската унија на премиерот Иво Санадер добила 60 места во 160-члениот парламент.

Ривалите, социјалдемократите, предводени од Зоран Милановиќ, освоиле 57 места. Санадер прогласи победа кусо по полноќ и им се заблагодари на хрватските гласачи за довербата во неговата влада.

Со 60 пратенични места, на владејачката партија ќе и треба најмалку еден партнер да обезбеди мнозинство во Саборот.

Но, социјалдемократите може да формираат коалиција со неколку помали партии. Претседателот Стипе Месиќ изјави дека ќе му даде мандат за формирање влада на оној кој ќе обезбеди доказ дека има мнозинска поддршка во Парламентот, што значи најмалку 77 места.

XS
SM
MD
LG