Линкови за пристапност

Москва го обвинува Вашингтон за откажувањето на набљудувачите на ОБСЕ


Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД дека вршат притисок врз членови на Oрганизацијата за безбедност и соработка во Европа да се откажат од плановите за набљудување на парламентарните избори во Русија.

ОБСЕ месецов се откажа од набљудувањето на гласањето закажано за 2 декември, велејќи дека тоа е резултат на одбивањето на Москва да ги прими набљудувачите навреме и да соработува. Путин за руските новински агенции денес изјави дека има информација дека американскиот Стејт департмент го советувал ОБСЕ да не испраќа набљудувачи.

Тој кажа дека Москва ќе ја земе предвид таа информација во своите односи со Вашингтон. ОБСЕ денес ги отфрли обвинувањата, соопштувајќи дека руските власти го забавиле процесот на издавање визи за нивниот персонал и еднострано го намалиле бројот на визи за набљудувачите од 400 на 79. На брифингот на 16-ти ноември, портпаролот на американскиот Стејт департмент Шон Мекормак изрази жалење за ваквиот руски потег.

XS
SM
MD
LG