Линкови за пристапност

Буш оптимист за мир на Блискиот исток


Џорџ Буш денес во Белата куќа оствари одвоени средби со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Тој изјави дека е оптимист за изгледите за мир меѓу Израелците и Палестинците.

Мировната блиско-источна конференција во Анаполис ќе биде по првпат во последниве десетина години Израелците да се сретнат со претставници на 16 арапски земји и на Арапската лига. Ниту Саудиска Арабија, ниту пак Сирија – кои го најавија учеството – не го признаваат правото на постоење на Израел. Американскиот советник за национална безбедност Стивен Хедли најави дека на конференцијата нема да има официјални преговори, но дека таа ќе биде можност Израелците и Палестинците да се придвижат кон преговарачка фаза.

Претседателот Буш кажа дека нејзина цел е да им се даде можност на обете страни повторно да се обврзат кон мировниот план познат како Мапа кон мирот. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изрази надеж дека ќе биде постигнат мировен договор пред претседателот Буш да ја напушти функцијата на почетокот на 2009-та.

XS
SM
MD
LG