Линкови за пристапност

Идната недела блискоисточна мировна конференција во САД


Египет и Турција најавија дека нивните министри занадворешни работи ќе учествуваат на блискоисточната мировна конференција што во вторник наредната недела ќе се одржи во местото Анаполис во близината на главниот американски град.

Ова се првите муслимански земји што потврдија учество на конференцијата под американско спонзорство. Останатите се очекува да одлучат за време на состанокот на Арапската лига во Каиро во петок.

Претседателот Буш синоќа по телефон разговарал со египетскиот претседател Хосни Мубарак и, израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд за претстојниот собир.

САД поканија речиси 50 земји и организации на средбата во вторник, меѓу кои и неколку арапски земји кои не го признаваат Израел – Саудиска Арабија, Ирак и Сирија.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс оцени дека конференцијата ќе биде успешна доколку од неа започнат израелско-палестински преговори за создавање на палестинска држава. САД, кажа Рајс, се надеваат на мировен договор меѓу двете страни пред претседателот Буш да замине од функцијата на почетокот на 2009-та.

XS
SM
MD
LG