Линкови за пристапност

Буш врши притисок врз Конгресот за воените трошоци во Ирак


Џорџ Буш бара од Конгресот, кога ќе продолжи со работа по паузата за Денот на благодарноста, итно да се произнесе по барањето за дополнителни воени трошоци, брз притоа демократските претставници да го условуваат со поставување рокови за повлекување на американските војници. Републиканските сенатори минатата недела ја блокираа иницијативата – предлог- воениот буџет на Буш за нови 50 милијарди долари да мине низ Сеатот доколку тој се обврзе дека ќе ги повлече борбените сили од Ирак до крајот на наредната година.

Независно од барањето на демократите, Буш вели дека дел од американските сили се враќаат дома, а дополнителен број ќе се врати наредната, благодарение на подобрената безбедносна ситуација во Ирак, која, пак, е резултат токму на засилувањата што Буш реши да ги испрати порано годинава. Буш во интервјуто за ТВ-мрежата Еј-Би-Си изрази задоволство од таа своја одлука:

- Иако тешка, таа одлука беше простудирана, базирана на предлозите од нашите мудри армиски команданти.

Подобрувањето на безбедносната ситуација делумно зависи и од Иран, кој има политичко влијание на југот на Ирак, а армиските команданти тврдат дека вооружува дел од милитантите. САД и Иран неделава се согласија на нова рунда разговори за подобрување на безбедносната ситуација во Ирак. Според американски армиски команданти, Иран во последнииве неколку недели навидум го ограничил протокот на оружје преку границата.

Дипломати на Вашингтон и Техеран годинава веќе на двапати разговараа за ирачката безбедносна ситуација, со тоа одмрзнувајќи ги врските што полни 27 години беа во целосен прекин. Но, на состаноците навидум не е остварен голем напредок, бидејќи обете страни се` уште меѓусебно се обвинуваат за насилството во Ирак.

XS
SM
MD
LG