Линкови за пристапност

Пакистан:  ослободени притвореници, но и нови протести


Пакистанските власти велат дека ослободиле 3.400-тини лица кои беа притворени откако претседателот Мушараф нешто порано месецов воведе вонредна состојба.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Џавид Икбал Чима најави дека дел од преостанатите 2.000 притвореници исто така наскоро ќе бидат ослободени:

- Се работи за превентивен притвор поради редот и мирот во земјата. Кога локалните власти ќе одлучат дека притворениците не претставуваат закана по редот и мирот, тие најверојатно ќе бидат ослободени.

Кусо време по ослободувањето, полицијата се судри со антивладини демонстранти кои протестираа против забраната за демонстрации. Во Карачи беа уапсени најмалку 140 новинари за време на демонстрациите против ограничувањата врз медиумите согласно вонредната состојба воведена на 3-ти ноември.

Пакистанската изборна комисија и официјално објави дека парламентарните избори ќе се одржат на 8-ми јануари. Опозиционите лидери се заканија дека ќе ги бојкотираат изборите доколку владата не го врати демократското владеење и не ги врати на работа судиите од Врховниот суд кои ги отпушти претседателот Мушарав.

Врховниот суд - во кој сега членуваат судии именувани од Мушараф - вчера отфрли најголем дел од жалбите на неговиот реизбор за претседател од страна на Парламентот во октомври. Уште една жалба треба да биде разгледана подоцна неделава. Генералот Мушараф вети дека ќе се откаже од функцијата армиски шеф откако судот ќе го потврди неговиот реизбор.

XS
SM
MD
LG