Линкови за пристапност

Нова надеж во клеточните истражувања?  


Научници од универзитети во САД и Јапонија синоќа го објавија достигнувањето што еден ден може да донесе медицинска корист иста каква и при ембрионалното клонирање, но без политички, научни и етички контроверзи.

Обата тима користеле ретровирус за да транспортираат четири гени во кожните клетки, со што направиле тие да започнат да ги имитираат основните ембрионални клетки.

Истражувањето се` уште е во експериментална фаза. Истражувачите велат дека новите клетки се` уште не се подготвени за употреба кај луѓето, бидејќи сегашната техника на нивно продуцирање вклучува раскинување на ДНК-та на кожните клетки, што евентуално може да предизвика рак.

Американската група научници ги објави резултатите од истражувањето во журналот „Наука“, додека јапонската во журналот „Клетка“.

Поборниците за истражување на основните ембрионални клетки веруваат дека тоа може да помогне во лекување на шеќерната болест, Алцхајмеровата, повредите на `рбетот и други болести. Меѓутоа, противниците - меѓу кои и претседателот Буш - сметаат дека тоа е спротивно на етиката бидејќи подразбира уништување на потенцијален човечки живот – ембрионот.

XS
SM
MD
LG