Агенцијата го наведува подобреното собирање на податоци како причина за ревидираната бројка на превалентност на вирусот во Индија и неколку земји од Африка во областа под Сахара – Ангола, Кенија, Мозабик, Нигерија и Зимбабве.
Според извештајот, глобалната превалентност на СИДА-та се израмнила, а бројот на нови инфекции опаѓа.
Питер Гијс, кој е на чело на Одделот за епидемиологија и аналитика на ЈУ- ЕН-ЕИДС во Женева дава подробности:
- Извештајот покажува дека глобално, превалентноста на ХИВ, односно процентот на инфицирани од вирусот е приближно на исто ниво во последниве неколку години. Глобално, тој изнесува 0.8 проценти. Но, во Африка, тој процент е многу поголем. Па сепак, интересно е што нивото на превалентност во Африка всушност е во опаѓање.
Без оглед на тоа, ОН повикуваат на предострожност, подвлекувајќи дека од СИДА минатата година починале 2,1 милион лица, а се заразиле 2,5 милиони.