Линкови за пристапност

Како избира Америка - улогата на анкетите во стратегијата на кампањите


Кој води во трката за Белата куќа? Кои се големите прашања кои се битни за гласачите? Политичките кандидати и нивните партии добиваат одговори од истражувањата на јавното мислење.

Лицата кои стојат зад политичката кампања користат анкети да направат стратегија и одлуки за се – од тоа каде кандидатите треба да направат јавен настап до тоа кои прашања во кампањата треба да одекнуваат меѓу гласачите.

Организацијата Галуп врши политички истражувања на јавното мислење од 1930-тите. Официјалниот претставник од Гапуп, Френк Њупорт, изјави дека овие анкети служат како шематски план за изборите:

-Денешните кандидати или политичките партии ги користат анкетите да постават рамка, всушност да ја дизајнираат кампањата. Честопати, тие анализираат кои прашања треба да бидат истакнати, а кои не треба да бидат издвоени во нивната севкупна стратегија. Кампањите, кандидатите и партиите ги користат анкетите како показател за тоа како стојат.

Анкетите мора да се вистинити. Тоа бара внимателно конструирање на истражувања врз анкетни групи со користење на проверени формули и принципи. Мишел ван Гилдер од Зогби Интернешенал објаснува:

-Сето е направено според математички равенки и правила на веројатност. Може да земете примерок кои некои може да го сметаат за релативно незначителен, ако ја земете в предвид земја со популација од 300 милиони жители. Но, со анкета од 1000 лица, формат кој најчесто го користат анкетарите, тоа може да биде мошне веродостојно претставување.

Но, Френк Њупорт од Галуп вели дека кандидатите може исто така премногу сериозно да ги сфатат анкетите и да ризикуваат да загубат дел од поддршката:

-Некои луѓе ги критикуваат кандидатите затоа што претеруваат во промената на позициите само да ги исполнат барањата од анкетите и да и се доближат на јавноста. Сепак, кандидатите треба да бидат внимателни со флексибилноста.

Во периодот до денот на гласање многу анкети ќе бидат направени, со индикации за кампањските штабови кои сите податоци ги анализираат. Но, на крајот единствената анкета што навистина се важи – останува гласачкото ливче ставено во гласачката кутија.

XS
SM
MD
LG