САД веруваат дека во Пакистан не ќе можат да се одржат избори какви што се потребни без враќање кон демократско владеење, ослободување на политичките затвореници и отстранување на ограничувањата врз медиумите. Портапролот на Стејт департментот Шон Мекормак синоќа го повика пакистанскиот претседател Первез Мушараф итно да ја укине вонредната состојба:
- Тоа е во негов интерес, во интерес на пакистанскиот народ. Сметаме дека без тоа е мошне тешко да има слободни и праведни избори за нов парламент како што посакуваат и заслужуваат Пакистанците - изброи што им се потребни за да се уверат дека земјата останува на демократски курс.
Коментарот доаѓа по саботната средба на американскиот заменик државен секретар Џон Негропонте со Мушараф во Исламабад, на која му порачал дека вонредната состојба не оди заедно со слободни, праведни и кредибилни избори. Пакистанскиот претседател, пак возвратил дека состојбата ќе остане се` додека не се подобри безбедносната ситуација во земјата.
Во Белата куќа и Стејт департменот ги отфрлаат наводите дека мисијата на Негропонте била неуспешна и го поздравуваат ветувањето на Мушараф да се откаже од функцијата армиски шеф пред да даде заклетва на уште еден мандат на функцијата претседател.