Линкови за пристапност

Преку 3000 загинати во невремето во Бангладеш


Според организацијата Црвена месечина на Бангладеш, трагичниот биланс од циклонот што минатиот четврток го погоди јужното крајбрежно подрачје и предизвика големи бранови би можел да се накачи и на 10 илјади.

Властите велат дека примиле ветување за помош во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кои 100 милиони само од Саудиска Арабија. Веќе пристигнала итна помош од ОН, Европската унија, САД, Британија, Индија и Канада.

Армиски бродови и хеликоптери се обидуваат да допрат до луѓето за кои се верува дека се се` уште затекнати на островите во најпогоденото подрачје на Бенгалскиот Залив. Властите стравуваат од избивање на заразни болести поради мртвите човечки и животински тела во реките и по полињата.

- Ситуацијата е помалку апокалиптична, бидејќи се е срамнето со земја - земјоделските производи, дрвјата - како мал цунами. Луѓето се обидуваат да преживеат. Немаат повеќе облека - само она што го носат околу појасот, вели претставникот на УНИЦЕФ во Бангладеш, Луј Жорж Арсено.

Циклонот наречен Сид`р е најтешкото невреме што го погодило Бангладеш во последниве десетина години.

XS
SM
MD
LG